Gino plast - патронираниот глинен чеп е нов продукт на пазарот, има облик на цилиндар и е обвиткан со пластична фолија. Базиран е на основа од глина со додатоци кои овозможуваат висока консистентност и соодветна густина а е наменет да го затвори (пополни) празниот простор позади експлозивот во минската дупчотина поготово во подземната експлоатација при изработка на хоризонтални и коси рударски простории, во процесот на откопување но и при изработка на тунели, окна, ускопи или слично а во функција на зголемување на искористувањето на енергијата која се генерира при согорување на експлозивот.

ПРИМЕНА

После поставувањето на експлозивот во минските дупчотини неопходно е преостанатиот прaзен дел од минската дупчотина да се затвори со одредено средство (материјал) кој ќе овозможи поголемо искористување на енергијата која се ослободува при согорување на експлозивот.
При користење на соодветен продукт за зачепување научно е докажано дека ефектот од минирањето е за минимум 10-15% поефикасен.

sl33

На основа на искуствени податоци должината на чепот во минските дупчотини при изработка на подземни рударски простории изнесува:
L(ć) = 10 · d, m
Каде: d e пречник на минската дупчотина

При подземните откопувања должината на чепот во минските дупчотини изнесува:
L(ć) = (1 – 1,67) · W
Каде W е линија на најмал отпор.

ЕФЕКТИ

Со правилно димензионирање на должината на чепот но и правилно вградување на истиот во минските дупчотини а притоа се разбира да бидат запазени основните дупчачко минерските параметри (геометрија на дупчење, редослед на иницирање итн), се овозможува поголемо искористување на енергијата при согорување на експлозивот а со тоа и ефектот од минирањето е наспоредливо подобар во однос на минирање без зачепување.

Користењето на овој продукт дирекно влијае врз:
-Намалување на трошоците за матријали и средства за дупчење и минирање,
-Зголемување на продуктивноста при извршување на главните технолошки операции,
-Намалување на трошоците за електрична енергија, трошоци за вентилација итн.
-Намалување на времето за изработка на објектите.

БЕЗБЕДНОСТ

Иако се работи за продукт кој се користи во процесот на минирање ниту било која компонента ниту пак самиот продукт е експлозивно средство или слично што значи дека се работи за комплетно безбеден продукт. Од друга страна самиот продукт е обвиткан со пластична фолија која спречува директен контакт со продуктот, иако и самите компоненти кои се користат за комплетирање на продуктот се безбедни во однос на ракувањето, но на овој начин ракувањето е потполно безбедно.

КАПАЦИТЕТ

Усовршениот начин на изработка на овој продукт со текот на изминатите години овозможува задоволување на секаква побарувачка на пазарот.
Џино инженеринг дооел располага со современи магацини за складирање на веќе изработените продукти а исто така располага и со сопствено возило за транспорт на продуктот до потенцијалните купувачи.
Со ова може да им гарантира на сите партнери навремена достава на бараните количини.