ЏИНО ПЛАСТ

Патентиран производ од Џино инжинеринг, наменет првенствено во делот за рударството...

14 ГОДИНИ
РАБОТНО ИСКУСТВО

При процесот на изработка на подземни рударски простории (коси или хоризонтални) но и потоа при процесот на откопување на рудните наоѓалишта користејќи различни методи на откопување и при изработка на тунели а притоа ако користите  патронирани или Анфо експлозиви одговорно тврдиме дека неопходен ви е овој продукт со цел да се минимизираат трошоците.

sl1

После поставувањето на експлозивот во минските дупчотини неопходно е преостанатиот прзен дел од минската дупчотина да се затвори со одредено средство (материјал) кој ќе овозможи поголемо искористување на енергијата која се ослободува при согорување на експлозивот.

При користење на соодветен продукт за зачепување научно е докажано дека ефектот од минирањето е за минимум 10-15% поефикасен.

sl2

На основа на искуствени податоци должината на чепот во минските дупчотини при изработка на подземни рударски простории изнесува:

L) = 10 · d, m

Каде: d e пречник на минската дупчотина

При подземните откопувања должината на чепот во минските дупчотини изнесува:

L) = (1 – 1,67) · W

Каде W е линија на најмал отпор.

sl3

Откако се постави експлозивот во минските дупчотини се поставува и патронираниот глинен чеп при што се турка со минерски (дрвен) стап и со два до три удари се набива во миската дупчотина при што во процесот на набивање дијаметарот на чепот се зголемува до потребниот обем и го затвора целиот простор во минската дупчотина без притоа да ги оштети кабловите на средството за иницирање (нонел цевка или каблови на ел.детонатор).

ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА....